Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на сите верници од православна вероисповед им ги честиташе новогодишните и божиќните празници и им посака многу здравје, бериќет, успеси во нивните семејства и да бидат среќни. Се разбира, посочи, човек кога е среќен е најзадоволен.
„Позади нас е година на порази, следува година на победи. Тоа кое јас како божиќна порака сакам да го упатам до христијанските верници, но и сите останати граѓани на Република Македонија е да се почитуваат, да се разбираат меѓу себе, бидејќи самопочитувањето е она кое нас не прави побогати. Сето останато ќе си дојде. Почитувајте се, сакајте се, има надеж за оваа наша Македонија, а надежта допрва доаѓа“, рече Мицкоски.
Бадниковата паричка, додаде, паднала кај неговата сопруга.
МИА/Фото:Фејсбук/Мицкоски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Паричката кај претседателот Стево Пендаровски: „Не беше наместено“
Ќе има ли среќа како технички премиер: Паричката паднала кај Спасовски
(Фото) Заеви за Божиќ традиционално во Водоча