еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски на средбата со Ескобар го потврдил ставот за уставните измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар го потврдил ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени.

На средбата во Амбасадата на САД во Скопје, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, потенцирал дека актуелната власт за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница, вклучително и САД.

– Уште еднаш беше афирмиран ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатланските вредности. Воедно, претседателот Мицкоски укажа дека единствено решение за излез од една ваква исклучително тешка ситуација, се одржување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе изберат влада со легитимитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата на Мицкоски и Ескобар, на која присуствувале потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и амбасадорката Ангела Агелер, исто така од двете страни била потенцирана потребата за јакнење и продлабочување на стратешкото пријателство меѓу двете држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема никого да подложувам на тортура овде, рече Ескобар по средбата со Ковачевски

Прашањето за уставни измени ќе се води толку колку што е потребно, изјави Ковачевски по средбата со Ескобар

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Навални објави афера за „Палатата на Путин“ вредна 1,3 милијарди долари

Редакција

Во Србија се истражува еден случај кај дете, за кое постои сомневање дека има акутен хепатитис од непознато потекло

Редакција

(Фото) Битолска зимска магија: „Зимската приказна“ заврши со културен шмек и празничен сјај

Редакција