еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Очекувам прилично сложена есен и тешка зима со многу немири

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека поради кризата очекува, како што рече, сложена есен и тешка зима со многу немири.

Според него, претстои тежок и предизвикувачки период, а Владата не презема мерки, ниту политики со кои би се ублажила состојбата.

-Ќе биде жестоко. Енергетската криза постепено се трансформира во економска и очекувам да има немири. Сега календарски уште сме лето, а се потешко се живее. Ценам дека периодот што следи навистина ќе биде тежок и предизвикувачки, а од владата не гледам некакви мерки или политики со кои би се ублажило сето ова.

Очекувам прилично сложена есен и тешка зима со многу немири, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на општина Штип заедно со градоначалникот Иван Јорданов во рамки на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.

МИА/Фото: Фејсбук/Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиствата на Вања и Панче, вели Бубевски

Редакција

Пописот заврши успешно, тврди директорот на ДЗС, резултатите до крајот на март

Редакција

Нови рочишта за „Титаник“ и „Маџар телеком“

Редакција