еМагазин
Image default
Бизнис

Милан Дамчевски нов член на Управниот одбор на ПроКредит банка

Милан Дамчевски, долгогодишен член на тимот на ПроКредит банка e назначен за нов член на Управниот одбор, позиција на која ќе биде задолжен за менаџирање на следните оддели: Правни лица – средни клиенти, Управување со средства и ликвидност, Маркетинг, како и одделот за Деловна поддршка, информираат од Банката.

-Во текот на својот професионален развој во тимот на ПроКредит банка, Дамчевски го градеше своето искуство на повеќе позиции, започнувајќи како дел од Onboarding програмата на ПроKредит банка, потоа, советник за мали и средни бизнис клиенти, за да напредува и во последните пет години да ја извршува функцијата менаџер на филијата за средни клиенти, велат од Банката.

Има посетувано и успешно завршено бројни професионални обуки, меѓу кои: Bankers Academy и Management Academy на ПроKредит Банка во периодот од 2015 – 2017 година во Фурт, Германија.

-Ми претставува задоволство и голем професионален предизвик можноста да се посветам на креирање и спроведувањето на стратешките цели на ПроКредит банка, институцијата каде што ја започнав и во изминативе десет години ја градам мојата професионална кариера.

Високиот квалитет на услуга, како и воведување на нови напредни и ефикасни практики во банкарското работење ќе остане наш врвен приоритет, како потврда на имиџот на банката – лидер во доменот на дигитализација и докажан банкарски партнер на клиентите, правни и физички лица, изјави Дамчевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расте бројот на должници на Листата на УЈП

Редакција

Земјоделскиот институт бара да се испита дали ГМО оризот е произведен во Кочани

Редакција

Поевтинува мазутот, цените на бензините остануваат исти

Редакција