еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Минималната синдикална кошница за ноември 33.742 денари

На едно четиричлено смејство во ноември годинава според Синдикалната минимална кошница на Сојузот на синдикати на Македонија му биле неопходни 33.742,1 денари за задоволување на основните потреби.

Од парите 14.149,01 денари или 41,93 отсто на семејството му се потребни за исхрана и пијалоци, 10.808,29 денари, односно 32,03 отсто за домување.

За хигиена требале 2.375,3 денари или 7,04 отсто, за превоз 2.464,22 денари или 7,3 проценти, за облека и обувки 2.161,57 денари, односно  6,41 отсто, за култура 1.066,79 денари или 3,16 отсто, а за одржување на здравје 716,91 денари, односно 2,12 отсто.

Просечно исплатената нето плата во земјава за септември 2020 година изнесува 27.405 денари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Менаџерите очекуваат намалување на бројот на вработени во преработувачката индустрија

Редакција

Граѓанин за долг од 6.000 евра, за девет години исплатил камата од повеќе од 12.000 евра

Редакција

Од денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии

Редакција