Бугарските пратеници денеска нема да дебатираат за односите со Македонија затоа што техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков не дојде во Народното собрание поради други обврски.
Расправата за Македонија и, како што беше најавено, последниот физичкиот напад врз бугарски државјанин во Охрид, е тргната од дневниот ред на денешната собраниска седница.
Потпретседателот на бугарскиот парламент Росен Жељазков на почетокот на седницата соопшти дека добиле допис од МНР дека поради службено патување на Милков надвор од државата, дебатата мора да биде одложена.
Предлогот за ставање на оваа точка на дневниот ред на денешната седница беше на барање на партијата Преродба на Костадин Костадинов и на собранискатра комисија за политики за Бугарите во странство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин
МИА/Фото: Унсплеш