еМагазин
Image default
Македонија

Министерство за правда го демантира Мицкоски: Амандмани за Законот за јавно обвинителство не се доставени

Од Министерството за правда вечерва соопштија дека ВМРО-ДПМНЕ не доставило амандмани за предлог законот за јавно обвинителство, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дуелот со премиерот Зоран Заев вечерва на „Само вистина“ на „Канал 5“ изјави дека доставиле 65 амандмани на овој закон.

Премиерот Зоран Заев најпрво беше изненаден од оваа информација на Мицкоски, бидејќи не бил информиран затоа што бил на ручек со ЕУ-амбасадорите.

Но пред завршување на вториот блок на одговори, тој рече дека амандмани не се доставени, бидејќи за време на паузата проверил со министерката за правда Рената Дескоска која го информирала дека амандмни не биле доставени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ доставила 65 амандмани за законот за СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казнети 322 граѓани кои не носеле маска

Редакција

Низ Македонија приведени 37 лица поради непочитување на забраната за движење

Редакција

Убава вест: Оздравени 387 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје 255

Редакција