еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Министерство за здравство со детали за смртта на 16-годишната девојка од тетовско која почина од Ковид-19

Министерството за здравство со голема жалост информира, дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 16 годишна пациентка од село Сиричино тетовско.

„Пациентката со многу тешка клиничка слика со возило на Итна Помош е донесена на Инфективна клиника, од КБ Тетово каде била од 21.10 до 23.10, а претходно била лекувана во домашни услови заради тегоби кои датирале 9 дена од иницијалниот прием во тетовската болница.

Според медицинскиот извештај, од КИБФС станува збор за исклучително тежок случај, кислородно зависна со тешка ковид пневмонија. Во текот на хоспиталниот престој од анализите е потврдена и белодробна тромбемболија.

Во текот на лекувањето доаѓа до брзо прогресивно влошување на респираторната функција. Пациентката е мултидисциплинарно лекувана поради развиените компликации.

Во текот на вчерашниот ден дојде до драматично влошување на виталните параметри што доведе до срцево белодробно попуштање. Младата пациентка не била вакцинирана,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

16-годишна девојка починала од Ковид-19 на Клиниката за инфективни болести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ван Хол“ кој има фабрика во Македонија, доби нови сопственици

Редакција

Каков имот пријавил Нехат Нуки, поранешниот економски директор на Онкологија

Редакција

Поранешна ученичка со нож повреди ученик и професорка: Нов напад во белградско училиште

Редакција