еМагазин
Image default
Македонија

Министерството за правда ја комплетира документацијата за екстрадиција на Груевски

Во Министерството за правда е пристигнато известувањето од Министерството за внатрешни работи дека поранешниот премиер Никола Груевски се наоѓа во Унгарија.

Од Министерството за правда информираат за МИА дека во моментов се работи на комплетирање на потребната документација за неговата екстрадиција во Македонија.

Груевски е осуден на двегодишна затворска казна во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Тој во петокот требаше да се јави на издржување на затворската казна во затворот во Шутка, но побегна во Унгарија.

Информацијата на неговото заминување во Унгарија тој вчера ја објави на својот Фејсбук профил, а подоцна беше потврдена и од МВР.

Во моментов полицијата има распишано меѓународна потерница по него.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието ќе му пишува „неоправдани“ на Груевски за неговото отсуство

Според кој основ Груевски би можел да побара азил и која е процедурата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за здравство е во фаза на преговори со „Фајзер“ за набавка на лекот против Ковид-19

Редакција

Од Антикорупциска му вратија на Груби дека врши притисок врз нивната работа

Редакција

Ќе откријат ли „бомбите“ кои се сторителите на петкратното убиство кај Смилковско Езеро

Редакција