еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерството за правда бара експерти за работната група за уставните измени

Министерството за правда испрати писмени дописи со барање за номинација на претставници во работната група за измени на Уставот.

Дописи, како што информираат од Министерството за правда, се испратени до Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања, парламентарните политички партии, експерти кои имаат познавања на уставната материја.

Рокот за номинирање на претставник е најдоцна до 10 април годинава.

-Во барањето за номинација е наведено дека во интерес на исполнување на нашата обврска која произлегува од преговарачката рамка која ја усвоиле 27 земји членки на ЕУ, потребно е политичко обединување со цел да се загарантира европската перспектива на нашата држава.

За таа цел потребно е да се определи претставник кој има познавање од областа на Уставното право кој активно ќе учествува во работната група при изготвувањето на уставните измени, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ објави предлог како да изгледаат уставните измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи да реферира пред пратениците за тоа колку е Бесмира Ејупи квалификувана да работи во МНР, вели Милошоски

Редакција

(Видео) Пендаровски во Охрид се сретна со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел

Редакција

За што ќе разговараат Заев и Мицотакис во Атина

Редакција