еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Преку седумдесет министри и гувернери на состанокот на Холандско-белгиската конституенца, кој се одржува во Скопје

Преку седумдесет министри за финансии, гувернери на централни банки, високи претставници на министерства за финансии и централни банки, високи претставници на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд ќе присуствуваат на централниот дел од Состанокот на Холандско-белгиската конституенца, кој се одржува во Скопје.

Темата на која ќе се дискутира е „Како до поправеден систем за сите?“. Настанот ќе го отвори премиерот Зоран Заев, по што свои излагања ќе имаат министерот за финасии Драган Тевдовски и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, чии институции се организатори на настанот.

Меѓу високите претставници на Светската банка и ММФ се извршните директори задолжени за Конституенцата, Кун Давидсеи Антони де Ланој. Од групацијата на Светската банка на Состанокот ќе учествуваат и тројца потпретседатели – потпретседателот на Групацијата на Светска банка за Европа и Централна Азија, Сирил Милер, потпретседателот за човечки капитал, Анет Диксон и потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) Георгина Бејкер.

Од ММФ ќе присуствуваат и директорите на одделите за Европа и за фискални работи, Пол Томсен и Витор Гашпар. На настанот ќе учествува и истакнатиот професор на Чикашкиот универзитет, Луиџи Зингалез, кој ќе биде главен говорник и учесник на една од панел-дискусиите.

Во рамки на темата „Како до праведен систем за сите?“, на настанот ќе стане збор за сѐ поголемата нееднаквост во доходот, факторите кои влијаат врз овој тренд, долгорочните и краткорочните последици врз економскиот раст, но и во повеќе други сегменти од општеството. Ќе се дискутира и за инструментите и политиките кои им стојат на располагање на носителите на политиките за справување со овие состојби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешно заврши Летната балетска школа на ,,Еуролинк осигурување’’

Редакција

(Фото) На хуманитарниот базар во „Нова“ се собраа средства за Дневниот центар за деца на улица

Редакција

Со акцијата „Експерт за ракомет“ до 60.000 денари, плејстејшн и други вредни подароци од Sport Life

Редакција