еМагазин
Image default
Бизнис

МИОА: Операторите ќе бидат казнети, незаконски ги исклучија ТВ-каналите

Министерството за информатичко општество и администрација во реакција на прекинот на емитувањето на ТВ програмите што го почна вечерва по 18 часот операторите укажа дека е направена повреда на член 115 од Законот за електронски комуникации и упати на условите под кои може да дојде до таков прекин, како и последиците од непочитувањето на ЗЕК, велат од таму.

Корисниците на услугите на операторите ги советува дека законски имаат право за надомест на штета од страна на операторите, поради прекршување на одредбите од претплатничките договори, како и соодветна правна заштита преку Агенцијата за електронски комуникации.

МИОА во реакцијата го цитира членот 115 од ЗЕК, според кој операторите кои обезбедуваат пристап до јавна електронска комуникациска мрежа можат, без согласност на корисниците, привремено да го ограничат или прекинат пристапот до нивните услуги, доколку тоа е потребно заради реконструкција, модернизација, одржување или во случај на технички пречки или недостатоци во мрежата.

Операторите, стои во член 115, се должни да ја информираат Агенцијата и да ги известат корисниците за ограничувањата или прекините кои траат подолго од 30 минути:

– најмалку 48 часа пред планираната реконструкција, модернизација или одржување или

– колку што е можно побрзо, но не подолго од 48 часа, кај ограничувањата или прекините предизвикани од технички пречки или недостатоци во мрежата.

Воедно операторите треба да ги преземат сите неопходни мерки, ограничувањата или прекините да траат што е можно пократко.

-Со оглед на тоа што не се работи за прекин кој е предизвикан заради реконструкција, модернизација, одржување, технички пречки или недостаток на мрежата, јасно е дека се работи за повреда на законот, велат од МИОА.

Последиците за ова дело, дополнуват, се дефинирани во членовите 182 и 186 од Законот за електронски комуникации.

Според член 182, глоба во износ од 20.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, односно трговец поединец, ако изврши привремено ограничување или прекин на пристап, спротивно на членот 115 од овој закон, а глоба во износ од 30 проценти од одмерената глоба за правното лице, односно за трговецот поединец ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице, односно на одговорното лице во трговецот поединец за прекршоците од ставот 1 на овој член.

Во член 186 е пропишано дека на правното лице за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182,183 и 184 од овој закон покрај глобата ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на вршење на определена дејност во траење од шест месеци до три години, а може да му се изрече и прекршочна санкција одземање на предмети со кои е сторен прекршокот.

-На одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182, 183 и 184 од овој закон, покрај глобата, ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од три месеци до една година.

На трговец поединец за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182, 183 и 184 од овој закон, покрај глобата ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од три месеци до една година, а може да му се изрече прекршочна санкција одземање на предмети со кои е сторен прекршокот, предвидува член 186.

Покрај ова, упатува МИОА, сите претплатници на операторите имаат законско право да бараат и право за надоместок на штета од страна на операторите, поради прекршување на одредбите од претплатничките договори и можат да бараат соодветна правна заштита преку Агенцијата за електронски комуникации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кабелските оператори го прекинаа реемитувањето на сите телевизиски програми, освен на МРТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова листа на должници на УЈП: Граѓаните и фирмите должат 10,1 милијарди денари за даноци, придонеси и царински давачки

Редакција

Кичевско “Тајмиште“ со загуба во првите девет месеци

Редакција

„Реалност-06“ го доби тендерот на „Комуналец-Прилеп“ за привремени вработувања вреден 368.000 евра

Редакција