еМагазин
Image default
Македонија

Митко Чавков пренесен во приватна болница на лекување од Ковид-19

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков откако ноќта ја поминал во штипската модуларна болница, попладнево е веќе спроведен во приватна болница во Скопје.

Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров за МИА потврдува дека вчера откако му се влошила здравствена состојба на Чавков и имал ниска сатурација при прегледот од затворскиот лекар, веднаш е хоспитализиран во модуларната болница, каде што добил и постојана кислородна поддршка.

На барање на семејството и по препорака на штипските инфектолози Чавков е спроведен до приватната болница на болнички третман.

Деновиве во штипскиот Затвор кластерот се зголеми со уште двајца новозаразени осуденици, со што бројката се искачи на седум. Меѓу позитивните на коронавирусот се и поранешниот началник на специјалните полициски сили, Митко Пешов и Никола Митревски-Кољо, кој беше осомничен како еден од главните организатори на насилствата во Собранието на 27 април.

Според затворскиот лекар, здравствената состојба на останатите осуденици е добра и се изолирани во три посебни простории.

Инаку, 13 осуденици поради контакт со заразените се во изолација, засега немаат пројавено симптоми на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кластер во штипскиот затвор: Пет осудени лица помеѓу кои и Митко Чавков и тројца вработени, позитивни на Ковид-19

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од МВР за апсењето на креаторот и администраторот на Јавна соба: Ќе одговараат за „производство и дистрибуција на детска порнографија”

Редакција

Бранко Црвенковски го замрзна членството во СДСМ: Бара партијата да се дистанцира од Заев

Редакција

Вработена во Поликлиниката Чаир позитивна на корона вирусoт, извршена дезинфекција на објектот

Редакција