Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во есенскиот извештај „Перспективите на светската економија“ предвидува дека раст на македонскиот БДП годинава ќе биде 1,6%.
Претходнодната проценка на ММФ за растот на македонската економија беше 2,8 отсто.
Од Владата пак велат дека остануваат на нивната проекција за раст на економијата од 3,2%.
„Немаме никакви причини да се откажеме од проекциите затоа што имаме раст во второто полугодие и го очекуваме растот во третото полугодие. Остануваме на проекцијата од 3,2% раст и ги имаме сите практични причини за тоа“, изјави премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја прогнозата на ММФ.
ММФ за наредната година прогнозира дека БДП на Македонија ќе порасне за 2,6%, а до 2023 година годишен раст од 3,4%.
Од земјите во регионот годинава највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово 4%, Црна Гора 3,7, Бугарија 3,6, БиХ 3,2 и Хрватска 2,8%.