еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарско МНР: Подготвени да ја одобриме првата меѓувладина конференција веднаш штом ќе биде потпишан протоколот

Собранието донесе оддлука за поддршка на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Ние не додадовме нови барања до Скопје и сме подготвени да ја одобриме првата меѓувладина конференција веднаш штом нашите пријатели од С. Македонија ќе го потпишат протоколот, како што разговараа и министрите за надворешни работи, напиша бугарското Министерство за надворешни работи на Твитер.

Народното собрание на Бугарија вчера го одобри францускиот предлог за Македонија. За гласаа 170 пратеници, 37 беа против, а 21 воздржани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското Собрание го одобри “францускиот предлог“ за Македонија

-Бугарскиот парламент денеска донесе историска одлука со која се дава зелено светло на францускиот предлог за пристапување на С. Македонија во Европската Унија, напиша премиерот на Бугарија во оставка Кирил Петков на Фејсбук.

Според усвоената одлука, Парламентот и дава право на Владата во оставка на Петков да ги одобри преговарачката рамка и заклучоците предложени од француското претседателство со Советот на ЕУ за решавање на односите меѓу Бугарија и Македонија, ако се исполнети неколку услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жестоки реакции за транспарентите „Македонија е Бугарија“ во бугарското Собрание, од ЕУ молк

(Фото) Отворени територјални претензии во бугарското Собрание: „Македонија е Бугарија“

“Францускиот предлог“ не е конечен, од три прашања зависи дали Македонија ќе каже „да„ или „не„

МИА/Фото: бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макрон по разговорот со Путин: „Најлошото допрва доаѓа“

Редакција

Од денеска не работи ски-центарот „Попова Шапка”

Редакција

Нови 404 случаи на Ковид-19 од 1.524 тестирања

Редакција