еМагазин
Image default
Македонија

МНР: Најтешко повредената патничка од сообраќајката во Србија префрлена во Ниш

Од 26-те повредени во сообраќајната несреќа што се случи утринава на патот Блаце – Белољин во Република Србија, во која автобус со македонски регистарски таблички се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник, во болницата во Прокупље се згрижени 16 пациенти, информираат од МНР, повикувајќи се на дежурните лекари во болницата.

Според информациите една патничка која била потешко повредена е пртефрлена во болницата во Ниш.

Сѐ уште се вршат испитувања над пациентите во Прокупље, но сите се надвор од животна опасност.
Во болницата во Блаце веќе нема згрижени пациенти, сите се пуштени на домашно лекување. Сѐ уште не се пристигнати детали за несреќата од страна на МВР на Србија.

Од МНР информираат дека Амбасадата  во Белград е во постојана комуникација со надлежните органи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерство за здравство: Повредените патници се контактибилни, но превентивно се врши компјутерска томографија

Двајца потешко и десет полесно повредени во сообраќајката на патот за Копаоник во македонскиот автобус

Македонски автобус кој патувал кон Копаоник се преврте во Србија, има повредени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК рачно проверува записници, за седницата за резултати „благовремено ќе известат“

Редакција

Нема опасност од поплавување на куќи во Зелениково и Велешко, состојбата треба да се следи, велат од ЦУК

Редакција

Состанокот на Комисијата за заразни болести презакажан за утре

Редакција