Во Министерството за надворешни работи денеска бил повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот секретар Виктор Димовски, информираат од МНР.
Целта на средбата, соопштија од МНР, била предавање протестна нота од македонска до унгарска страна, а по повод последните информации поврзани со бегството на Никола Груевски и неговото барање за азил во Унгарија.
Во таа прилика, државниот секретар Димовски изразил надеж дека Унгарија во случајов ќе постапи во духот на добрите билатерални односи и на европските вредности и принципи поврзани со владеење на правото и во тој контекст веднаш и без одлагање ќе го отфрли барањето за добивање на азилантски статус на осуденикот и бегалец од правдата Никола Груевски и ќе го предаде на Република Македонија, заради извршување на изречената казна затвор, како и продолжување и завршување на останатите судски постапки против него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто на Груевски кој нелегално влегол во Албанија, му било дозволено да излезе со лична карта
Црногорско МНР: Нема ништо спорно во преминувањето на Груевски низ Црна Гора
Кабинет на Орбан: Унгарија досега нема добиено официјално барање за екстрадиција на Груевски
Фото: ВМРО ДПМНЕ