еМагазин
Image default
Македонија

Груевски во Унгарија има специјален третман оти бил премиер, унгарските власти не откриваат во која земја поднел барање за азил

Опозицијата во  Националниот парламент Унгарија ја доведе во прашање политиката на азил на власта поради аферата со бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој се бара со меѓународна потерница заради издржување на двегодишната затворска казна.

-Унгарската Влада се откажа од политиката за азил, прифаќајки бегалец, обвинува Адам Миркошки од опозициското движење за подобра Унгарија – Јобик, кое е втора политичка сила во Парламетот, објави „Index.hu“.

Тој воедно прашува и каква улога имале унгарските власти во однос на преминувањето на границите, како и кое министерство, кој и по чија наредба било постапувано во случајот со Груевски.

Државниот секретар во канцеларијата на премиерот Виктор Орбан, Балаж Орбан, пак, одговори дека поранешниот македонски премиер Груевски поднел барање за азил, без да наведе во која земја го доставил барањето и дека унгaрските власти не биле инволвирани во неговото бегство од Македонија, а барањето било прифатено за разгледување од „безбедносни причини“.

Тој побарал од опозицијата да престане со „кампањата на дезинформирање“ во врска со случајот, особено со прашањата зошто Груевски не се наоѓа во транзитната зона.

– Правилата на граничните процедури не мора да бидат применети на лица со посебен третман, вели Балаж Орбан.

Со тоа, според унгарските медиуми се потврдува специјалниот третман кој го има Груевски од властите, кои велат дека тоа му е овозможено затоа што бил премиер 10 години.

Коментирајќи ги условите во законот за азил, унгарски „Индекс“ пишува дека во нив нема ставка според која поранешен премиер може да добие посебен третман, како што е предвидено на пример за деца кои треба да се спојат со нивните семејства или за бремени жени.

– Правилата во случајот на Груевски може да се применат само доколку тој се смета за „ранлива личност“ со „посебни потреби“, вели „Индекс“.

Пратеникот Арато Гергели од Демократската коалиција, пак, меѓу другото прашува дали е вистина дека Груевски е сместен во некој од имотите на премиерот Орбан. На ова Шаба Домотор од канцеларијата на премиерот Орбан одговори дека „Груевски легално престојува во Унгарија“.

Од ЛМП – партијата, пак, иницирале формирање на парламентарна комисија за да ја истражи аферата со Груевски. Марта Деметр, копретседавач на партијата на денешната прес-конференција појаснила дека барањето е оправдано поради извештајот дека станува збор за случај со сериозни дипломатски и безбедносни ризици по Унгарија и значајно влијае врз угледот на земјата.

Таа потврди дека од партијата поднеле и тужба за илегална миграција и барање до унгарското МНР да бидат објавени сите информации во врска со бегството на Груевски од Македонија во Унгарија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто на Груевски кој нелегално влегол во Албанија, му било дозволено да излезе со лична карта

Прашање за милион долари: Како и кој му помогна на Груевски да избега од Македонија

На крај Груевски на Фејсбук ќе ни раскаже како избегал

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Активни шест пожари, во Скопско, Прилепско, Струмичко, Беровско и Центар Жупа

Редакција

17-годишна пациентка почина од Ковид-19, имала хронично заболување јувенилен дијабетес

Редакција

Од Ковид-19 починаа 35 починати лица, најмладиот пациент на 34 години

Редакција