еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Модната агенција „Моделс ИН“ организира кастинг и курсеви за нови лица

Косопственикот на модната агенција „Моделс ИН“ за „еМагазин“ информираше дека после четири години модната агенција започнува со кастинг и курсеви за нови лица.

„Бидејќи имаше премногу нови заинтересирани лица, решивме дека е време да им дадеме шанса на потенцијалните модели да можат да потпишат ексклузивни договори со нас. На кастингот можат да сепријават сите оние кои сметаат дека имаат предиспозиции. Курсевите или обуката пак се одлична шанса за нивната основа во моделингот, бидејќи не вежбаме само движење и позирање, туку имаме и гости, представници од различни области како фотографија, козметика, советници за исхрана, фитнес тренери и мејкап артисти. Секако сите се добредојдени да го посетуваат курсот но само најдобрите од нив ќе потпишат договор со нас – вели Алек Наумовски.

Тој додава дека низ годините докажале дека со многу труд и голема работа можат и пласираат модели во светските модни центри.

„Само во моментов ни работат модели во Њујорк, Милано, Кина и Индија, на кои сме особено горди и токму затоа ова е шанса за сите оние кои се заинтересирани за интернационална кариера да се појават на овој кастинг. Инаку кастингот ќе се случи на 16 март во Public Room со почеток во 13 часот. Ние сме убава нација и сигурно сме дека ќе ги откриеме идните топ модели во Македонија“, додава Наумовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новогодишен шопинг со American Express картичките на Силк Роуд Банка

Редакција

(Фото) NESCAFÉ 3in1 ги унапреди условите за работа во библиотеката на Филозофскиот факултет во Скопје

Редакција

Проширена програмата за дуално образование на ЕВН Македонија

Редакција