еМагазин
Image default
Спорт

Морисон за поништувањето на визата на Ѓоковиќ: Политиките за заштита на границите, ги чуваа Австралијанците безбедни

Австралискиот премиер Скот Морисон ја поврза одлуката за визата на Новак Ѓоковиќ со „силните политики за заштита на границите“ на Австралија кои ги „чуваа Австралијците безбедни“ за време на пандемијата.

– Разбирам дека по внимателно разгледување, преземени се активности од страна на министерот за имиграција за укинување на визата на господин Ѓоковиќ поради здравствени причини и со цел одржување на редот, врз основа на тоа дека тоа било во јавен интерес, рече Морисон.

Тој додаде дека „пандемијата беше неверојатно тешка за секој Австралиец, но ние останавме заедно и спасивме животи“.

– Австралијците направија многу жртви за време на оваа пандемија и со право очекуваат дека резултатот од тие жртви ќе биде заштитен, рече Морисон и додаде дека земјата постигнала една од најниските стапки на смртност, остана една од најсилните економии и е меѓу земјите со највисока стапка на вакцинација во светот.

– Нашите силни политики за заштита на границите ги одржаа Австралијците безбедни, пред Ковид-19 и сега за време на пандемијата. Поради очекуваните тековни правни постапки, нема да давам дополнителни коментари, заклучи Морисон.

Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок денеска го искористи неговото овластување согласно Законот за имиграција и ја поништи визата на српскиот тенисер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралија повторно му ја поништи визата, на Ѓоковиќ му се заканува нов имиграциски притвор

МИА/Фото: АТП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Виз Ер Скопски маратон изненадува со секој чекор: Нови медали за штафетен маратон, прекрасни маици и бесплатни групни тренинзи

Редакција

Австралија повторно му ја поништи визата, на Ѓоковиќ му се заканува нов имиграциски притвор

Редакција

Почина директорот на ридско-брзинската трка во Пробиштип, учесник изгуби контрола и удри во него

Редакција