еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Можно е проширување и пред 2030, но прво ЕУ треба да се реформира, порача од Блед француската државна секретарка за Европа

Следното проширување на ЕУ е можно и пред 2030 година, но претходно Унијата треба да се реформира, истакна француската државна секретарка за Европа, Лоренс Бун на панел дискусија одржана во рамки Бледскиот стратешки форум.

Оваа порака на Бун следува по вчерашната изјава во Блед на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел дека ЕУ треба да биде подготвена за ново проширување во 2030 година, како и по изјавата на претседател на Франција Емануел Макрон на годишниот состанок со француските амбасадори, дека ЕУ треба да размисли за „Европа со повеќе брзини“ за да се справи со проширувањето.

Според Бун, оваа изјава на Макрон не значи затворени врати за земјите кандидатки.

– Ние сме сега 27 земји, а можеби ќе бидеме и повеќе од 35, со надеж тоа да се случи што побргу. Знам дека Шарл Мишел рече до 2030 година, но може да биде и порано. Но, она што ни треба е да се реформираме себе си, како и земјите кандидати.

Можеби не го правевме тоа многу добро во минатото, можеби треба да сме повеќе инволвирани, да помагаме повеќе, да бидеме подинамични во процесот на проширување за да избегнеме замореност и да ги направиме придобивките од идното членство во ЕУ поопипливи за земјите кандидати. Тоа се нашите задачи, истакна Бун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мишел од Блед порача дека до 2030 година ЕУ треба да биде подготвена за ново проширување

Ладен туш од Макрон: ЕУ за да прима нови членки треба прво треба да се реформира

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камион усмрти велосипедист на патот Осломеј-Кичево

Редакција

Етикетирањето на медиуми од страна на Ахмети е опасно, регираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници

Редакција

„Флуид проект“ го доби тендерот на општина Аеродром за одржување фонтани вреден 97.000 евра

Редакција