еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Недостаток на кислород во мозокот причина за бегството на пациентот од Пробиштип од штипската модуларна болница

Состојба на хипоскија, односно недостаток на кислород во мозокот е причина за бегството на 75-годишниот пациент од Пробиштип од штипската модулнарна болница, кој на 24 април на полноќ успеал сам ја отклучи вратата од задниот влез и на 50 метри во околната уличка починал.

Полицијата го пронајде по еден час, а обдукцијата покажа дека причина за смртта е тешката бронхопневмонија.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека извештајот од Комисијата за квалитет е пристигнат кај него и го доставил до надлежните институции, кои треба да утврдат дали има пропуст и одговорност кај здравствениот персонал.

– Меѓутоа морам да го кажам следното, најпрвин како човек да изразам сочувство на семејството на починатиот човек. Тоа е најважно и човечки во моментов, а втората работа е и да настапам малку и докторски.

Јавноста мора да знае дека битката со овој вирус не е само терапијата и лекувањето. Ние имаме, сме имале и најверојатно ќе имаме и понатаму сериозни здравствени проблеми и од друг тип, којшто не се поврзани само со тешкотиите со дишењето, коагулацијата.

Возраста, типот на овој вирус и хипоскијата мозочна, што ја имаат сите потешки случаеви, неретко и нееднаш имаме ситуации во кои пациентите се исклучително вознемирени, агресивни, дезорентирани.

Тоа многу често ни се случува, сме имале случаеви, во којшто настрадувал и дел од инвентарот, па сме имале и неколку непријатни ситуации меѓу таков тип на пациенти и нашиот персонал, којшто завршувал и со физички контакти.

Но, сето тоа е било во рамките на болеста, којашто за жал дава такви симптоми, вели Ѓеорѓијев.

Посочи дека како болница имаат обезбедување, но штипската Клиничка болница е од разбиен тип, во којашто има повеќе згради. Најави дека откако ќе се донесе заклучокот од страна на надлежните институции, јавноста ќе биде информирана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пациент од Пробиштип избегал од штипската модуларната болница, по еден час пронајден мртов во околната уличка

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од партијата на Љупчо Георгиевски сметаат дека “францускиот предлог“ има многу елементи што се во интерес на Македонија

Редакција

Првата македонска компанија за правење тортилји „Бејкинг фектори“, долгорочно ќе донира производи на Црвен Крст

Редакција

РКЕ им даде 90 дена на РКМ, Супертрејд, Пертинакс и Ли Оил да достават доказ дека ги поседуваат потребните резерви на мазут

Редакција