Неодговорното однесување на претходното раководство, погрешните политики и ад-хок покачувања на пензии, надвор од законската рамка за 10 години направи дупка од околу 15 милијарди денари во Фондот за ПИОМ, велат од Министерство за труд и социјална политика.
„Со пензиската реформа на актуелната Влада која стартуваше од почетокот на јануари, обезбедуваме стабилна исплата и континуиран раст на пензиите, без при тоа да се замрзнуваат и да се зголемува старинсата граница за пензионирање. Со Закон воведуваме редовно усогласување на пензиите.
Пензиите ќе се усогласуваат два пати во годината и тоа 100 проценти со порастот на трошоците на живот, наместо 50 проценти како што беше претходно. Воведена е и законска одредба со која што ќе има дополнително усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4 проценти“, се вели во соопштението на МТСП.
Од таму велат дека во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари.