еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечна ќерка позитивни на корона вирусот

Потпретседателот на СДСМ, и поранешен пратеник, Мухамед Зекири на Фејсбук профил соопшти дека тој, неговата сопруга и тримесечната ќерка се позитивни на Ковид-19.

“Почитувани пријатели, и покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругата и мојата тримесечна ќерка резултиравме позитивни на тестирањето за Ковид-19. За среќа јас немам никаков симптом, но резултирав позитивен“, пишува тој.

Тој испрати апел до сите граѓани да не го потценуваат вирусот и можноста за зараза и да бидат максимално внимателни.

“Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате. Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција“, пишува Зекири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стружанец и Гостиварчанец починаа од корона вирусот

Нови 62 случаи на заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје и Штип

Македонски брачен пар во Брисел за личното искуство со Ковид-19: Вирусот постои, брзо се шири и има штетни последици

Фото: Фејсбук/Зекири

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Индустриското производство во март со пад од 10,4%

Редакција

„Титаник“ презакажан за 23 ноември: СЈО бара на Груевски да му се суди во отсуство

Редакција

Апелациониот суд ја укина пресудата за Сашо Мијалков и Мендух Тачи за „Титаник 2“

Редакција