еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Музеј на иднината“ – нова изложба од кампањата Зелен договор на ЕУ

„Музејот на иднината“ сега е дел од новата изложба поставена како уште еден заеднички проект на Делегацијата на Европската Унија и Europe House Скопје, информираат од таму.

„Музејот на иднината“ беше создаден во ноември 2021 година по започнувањето на кампањата „ЕУ со Тебе“ за Европскиот зелен договор и сега ќе биде поставена во трговскиот центар „Ист Гејт“ од 10 февруари до 7 март 2022 година.

„Музејот на иднината“ беше поставен како потсетник за тоа што можеме да изгубиме во текот на нашиот живот поради климатските промени и деградацијата на животната средина. Изложбата што сега следува ги оживува „Музејот на иднината“ и кампањата „ЕУ со Тебе“ за Европскиот зелен договор.

Изложбата, исто како и самиот Музеј, не ги вклучува само суштествените нешта на планетата, како што се свежата вода, чистиот воздух, пчелите, туку и некои локално ценети работи како што се препознатливиот домат јабучар и балканскиот рис од Северна Македонија.

Изложбата ќе остане отворена до 7 март 2022 година, а ќе пропатува и низ Северна Македонија во текот на 2022 година. „Музејот на иднината“ е достапен и онлајн на eugreendeal.mk.

Изложбата е уште една во низата изложби (што ќе бидат) организирани од Делегацијата на Европската Унија и Europe House Скопје во трговскиот центар „Ист Гејт“. Целта на овие изложби е да се доближат одредени прашања до јавноста, а со тоа да се подигне свеста за нивното значење.

Друга водечка активност во контекст на заживувањето на кампањата за Европскиот зелен договор е Конкурсот #GreenFilm организиран од Europe House Скопје со кој се повикуваат младите да продуцираат кратки филмови поврзани со прашањата за животната средина.

Пријавени се 21 кратки, аматерски, но иновативни филмови, од кои 10 беа премиерно прикажани во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (познат како МКЦ) на 10 февруари.

Победничкиот краток филм беше оној на Леона Јариќ насловен Промо за кој таа освои професионална камера, како стимулација понатаму да го развива својот талент, и да продолжи да се залага за заштита на животната средина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавени добитниците на стипендијата „Борис Трајковски“ за школување во средното училиште „Нова“

Редакција

Фестивал на кафе и чај во „Рамстор Мол“ од 24 до 26 јануари

Редакција

Скопски моден фестивал: Премиера на првата сезона во март

Редакција