Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Х.Ј.(47) од гостиварското село Ќафа, информира МВР.
Х.Ј. делото го сторил на 29.12.2018 околу 17 часот во угостителскиот објект „Гурман“, лоциран на улицата.„Борис Кидрич“ во Кичево, кога со неколку убоди со нож во пределот на градите, го убил М.С.(64)- сопственик на објектот.
Х.Ј. е предаден на распит во Основното јавно обвинителство во Гостивар, а потоа ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.