еМагазин
Image default
Македонија

МВР: Казни до осум години затвор за предизвикување пожари

Со порастот на температурите, се зголемува и опасноста од избувнување пожари, па поради тоа апелираме до граѓаните да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати цигари на отворен простор, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи потсетува дека секој кој на било каков начин ќе предзвика пожар ќе се соочи со ригорозни казни односно затворска казни од шест месеци до осум години.

„Министерството за внатрешни работи презема координирани превентивни и други мерки, во месните заедници, со граѓански советодавни групи, навреме да се пресретнат овие појави, а во соработка со другите надлежни институции засилени се и контролно-репресивните активности“, информираат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 855 случаи со Ковид-19, оздравени 683 болни и двајца починати

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција

Тројца починати од Ковид-19, вкупната бројка е 9.162

Редакција