На 25.04.2021 од страна на полициски службеници на СВР Скопје приведени се Д.К. (22) и М.Л. (23) од Скопје, затоа што на вчерашниот протест во Скопје со тврди предмети нападнале полициски службеници кои биле дел од полицискиот кордон, соопшти МВР.
„Известен е Јавен обвинител, по чии насоки лицата се задржани во полициска станица, а по добиена судска наредба извршен е и претрес во дом на М.Л. и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ГАЛЕРИЈА) Протест за ослободување на осудените за „27 април“, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дадоа поддршка
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.