еМагазин
Image default
Македонија

МВР: Секаков вид притисок, закана или уцена при гласањето ќе биде спречен и санкциониран

Министерството за внатрешни работи, согласно своите законски надлежности, ги презема сите неопходни мерки со цел гласањето на претстојниот референдум на 30 септември да помине во најдобар ред, односно да се овозможи слободно изразување на волјата на граѓаните.

Согласно законите, се наведува во соопштението на МВР, секаков вид притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран. Исто така согласно законите, секој обид за попречување на остварување на правото на глас ќе биде санкциониран.

– Најостро ги демантираме лагите изнесени на денешната прес конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. МВР веќе не е партизирана институција како што тоа беше во минатото. Сега МВР работи според законите. Апелираме до политичките субјекти да престанат со ширењето на невистини. Ги повикуваме граѓаните доколку сметаат дека нивните права се повредени, тоа веднаш да го пријават за да можат да се преземат соодветни дејствија, се додава во соопштението на Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Актерката Силвија Стојановска и првообвинетиот Будисављевиќ не се чувствуваат виновни за шверц на кокаин

Редакција

Првиот ден на Божик е неработен за сите граѓани

Редакција

Нови 947 случаи на Ковид-19 од 3.042 тестирања

Редакција