еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

МВР: Секој граѓанин жртва на „Јавна соба“ да пријави во полиција

Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот „Јавна соба“, велат од МВР.

Го повикуваат секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со Oбвинителството презема соодветни мерки.

„Ќе продолжиме и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм која до сега демонстрира цеосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја.

Се разбира ги користиме сите други активности кои ни се на располагање за расчистување на овој случај“, наведуваат од МВР.

„Јавна група“ повторно се актуелизира деновиве откако беше обелоденето дека на социјалната мрежа Телеграм над 5.600 членови на групата споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки.

Првата ваква група на социјалните мрежи беше откриена пред една година, кога беа откриени околу 7.000 корисници кои си разменувале експлицитни фотографии од девојки, од кои некои и малолетни.

Полицијата тогаш соопшти дека групата „Јавна соба“ по преземените мерки е згасната.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На три групи насловени како „Јавна соба“ повторно се споделуваат експлицитни фотографии од девојки и момчиња

Девојки од Скопје, Кичево, Тетово и Штип пријавиле дека биле злоупотребени во „Јавна соба“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

39 нови случаи на Kовид-19 од 817 тестирања

Редакција

Трајно одземени 148.000 евра на македонски државјанин на преминот Прешево-Табановце

Редакција

Каков имот пријавил Горан Милевски, новиот министер за локална самоуправа

Редакција