еМагазин
Image default
Македонија

МВР со детали за приведување на Ирена Ристиќ

На 17.09.2018 година во 01.05 часот на булевар „Илинден“ во Скопје, во близина на Влада на Република Македонија, лицата И.Р.(43) од Охрид и В.Р.(32) од Скопје, го нарушиле jавниот ред и мир.

Како што соопшти денеска МВР, лицата викале на висок тон и дрско и непристојно се однесувале, а откако двајца полициски службеници им се доближиле и ги предупредиле за нивното однесување, почнале да ги омаловажуваат и навредуваат полициските службеници.

И.Р. и В.Р. биле приведени во Полициската станица Центар за понатамошна постапка, поради сторени прекршоци против јавниот ред и мир. Кај лицето В.Р. (32) било утврдено дека е под дејство на алкохол, после извршено алкотестирање.

И.Р. (43) одбивала да и биде извршено алкотестирање и поради тоа била однесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да и биде земена крв и урина за анализа за присуство на алкохол. Таа, исто така, одбила да даде крв, по што била однесена во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје, со цел добивање на мислење од стручно лице врз основа на надворешните манифестации и симптоми на лицето. После тоа, И.Р. била вратена во Полициската станица Центар и во 04.30 часот била ослободена.

На лицето В.Р. му било извршено алкотестирање и тој потпишал записник за присуство на алкохол во крвта, по што бил ослободен во 03.35 часот. Против лицето И.Р. ќе бидат поднесени прекршочни пријави по член 4 (Кој на јавно место со карање, викање или непристојно и дрско однесување го нарушува јавниот ред и мир ќе му се изрече глоба во висина од 100 до 400 евра во денарска противвредност) и член 13 (Koj омалoважува државен орган, односно омаловажува или навредува службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата ќе му се изрече глоба во висина од 600 до 800 евра во денарска противвредност. Ако службено лице од став 1 на овој член е полициски службеник на сторителот ќе му се изрече глоба 600 до 900 евра во денарска протввредност).

МВР во соопштението подвлекува дека против лицето В.Р. ќе бидат поднесени прекршочи пријави по член 4, член 6 (Кој на јавно место се оддава на пијанство или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир ќе му се изрече глоба во висина од 100 до 400 евра во денарска противвредност) и член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Фото: Фејсбук/Ристиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ирена Ристиќ за приведувањето: Ме развозуваа од Беко до Бардовци, тормозеа и пцуеа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тоа што Фон дер Лајен не нарече „северномакедонци“ било лапсус, вели Османи

Редакција

Ги доближуваат ли ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ставовите за уставните измени: И Таравари ќе бара гаранција од ЕУ дека ќе нема нови услови

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 412 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција