еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски не сака пари за канцеларија и доживотна пензија како Иванов и Црвенковски, се откажува од привелегиите

Претседателот Стево Пендаровски, по истекот на мандатот нема да ги користи привилегиите кои му следуваат по закон. За телевизијата 24 од неговиот кабинет велат дека Пендаровски ќе се откаже од правото на користење на кабинет со соработници и од доживотната претседателска пензија.

„По истекот на мандатот претседателот смета дека би требало да му се обезбеди просторија во некоја од државните институции каде како поранешен претседател би ги извршувал протоколарните активности“, велат од Кабинетот на претседателот.

Предлогот за намалување на бенефициите на поранешните претседатели ја покрена Антикорупциска комисија, откако трошоците ги оцени како непродуктивни. Според нивните пресметки, Ѓорѓе Иванов и Бранко Црвенковски на пример, годишно имаат на располагање над 100 илјади евра за работни канцеларии, шофер, обезбедување, соработници и претседателска пензија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Генералниот секретар на СДСМ, Николовски е за кратење на бенефициите на функционерите

Сиромашната Македонија ќе продолжи да плаќа за канцеларии на поранешните претседатели Иванов и Црвенковски

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студент кој живее во Скопје, втор активен случај со Ковид-19 во Кичево

Редакција

Заев денеска ќе ги соопшти имињата на новите министри: Дали меѓу нив се и Хисни Исмаили и Насер Нуредини?

Редакција

Бугарската страна во Комисијата за историски прашања ќе бара вонреден состанок до крај на август

Редакција