еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На 24 мај заедничка литургија во Соборниот храм: Делегација на СПЦ предводена од српскиот патријарх г. г. Порфириј во посета на МПЦ-ОА

Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква (СПЦ) предводена од Неговата Светост, се вели во соопштението на СПЦ.

„На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г. г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија.

Го повикуваме верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да земе молитвено учество,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно до сега 3.300: Починаа 20 лица од Ковид-19

Редакција

За какви лекови се работи: Пациентите со коронавирус во Македонија ќе се лекуваат со хидроклор и Сумамед

Редакција

(ВИДЕО) Волците во Умленско по пожарите во потрага по храна се спуштија во нивите

Редакција