На 71-годишна возраст од рак почина американската актерка Кирсти Ели.
„Со тага Ве известуваме дека нашата неверојатна и сакана мајка почина по битката со ракот, кој неодамна беше откриен.
Таа беше опкружена со нејзиното најблиско семејство и се бореше со неверојатна сила, оставајќи нѐ сигурни во нејзината бескрајна радост за животот и за сите авантури кои претстојат. Колку и да беше легендарна на екранот, таа беше уште поневеројатна мајка и баба.
Ние сме благодарни на неверојатниот тим лекари и медицински сестри во Центарот за рак во Мофит за нивната грижа.
Нејзината страст за животот, за нејзините деца и внуци и за нејзините многубројни животни, а да не ја спомнуваме нејзината вечна радост за создавањето нови дела, нѐ инспирираат да го живееме животот по потполност, исто како што живееше и таа“, напишаа нејзините деца на социјалните мрежи.
Ели се прослави со серијата „Кафулето на здравје“ и имаше четиридецениска телевизиска и филмска кариера.
Ќе ја паметиме и по филмовите „Мајката на Дејвид“, „Ѕвездени патеки: Гневот на Кан“, „Види кој зборува“…
Фото: Фејсбук/Ели