еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

На 76-годишна жена ѝ нашле пиштол во куфер на летот за Цирих, изјавила дека е на нејзиниот син и заборавила дека е во куферот

На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, вчера во 18.00 часот од оператор на обезбедување при ТАВ Македонија било пријавено дека при рентген контрола на багаж на летот за Цирих, Швајцарија, во еден куфер бил пронајден пиштол.

Полициски службеници, во придружба на рентген операторот, информираа денеска од МВР, извршиле увид и во куферот на И.М. (76) од Гостивар пронашле пиштол „Ekol Jackal Dual“.

– Со И.М. бил извршен разговор, при што таа изјавила дека пиштолот припаѓа на нејзиниот син и заборавила дека е во куферот. Пиштолот бил одземен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснуваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП распродава запленети автомобили за да наплати данок

Редакција

Истражувачкото новинарство на судење: САД против Асанж

Редакција

Бензините поскапуваат за 3,5, а нафтата за 1,5 денари

Редакција