Главната ѕвезда на македонскиот документарец „Медена земја“, Атиџе Муратова, уште еднаш на сите ни покажа дека чудата се можни, ако веруваме во нив.
Не само што животот целосно и се смени по тригодишното снимање на “Медена земја„, која собира награди на сите страни од светот, а неодамна доби и дури две номинации за Оскар, туку ќе и се оствари и една од најголемите желби, која ја сподели во неодамнешното ексклузивно интервју за еМагазин, да стане пејачка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Отворено со Атиџе, ѕвездата на „Медена земја“: Обожавам да пеам, сакав да станам пејачка
“Од секогаш сакав да бидам пејачка“, вели таа во интервјуто за еМагазин и раскажува дека и самата создава песни.
Не ги запишува, туку како што вели ги знае напамет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Aтиџе добила ветување дека ќе биде вработена и песните ќе ги сними во професионално студио
Имено како што е веќе познато градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски информираше дека ја посетил Атиџе и и ветил дека ќе се погржи да нејзината нова куќа добие нов кров, дека ќе ја вработи во Општината, но и дека нејзините две песни, ќе бидат обработени целосно со музички аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио.
Оваа прекрасна жена која што ја освои Македонија и светот, ни покажа колку е важно да не откажуваме од нашите соништа.
“Од секогаш верував дека еден ден ќе бидам нешто. Постојано очекував некој да се појави на вратата и се да се смени на подобро. Господ е голем“, вели таа меѓудругото во интервјуто.
И да Господ е голем, па нема да биде никакво изненадување, имајќи го предвид фактот како и тргнаа работите на Атиџе, следниот месец да ја видиме и со Оскар во раце.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И на Атиџе и најдоа мана, оти не била Македонка, а Македонија не била сиромашна: Твитер реакции
Личност на годината на еМагазин: Атиџе Муратова