еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Најавените обилни врнежи од дожд можно е да ги зголемат водостоите на реките, предупредуваат од УХМР

Поради обилните врнежи од дожд во некои места, можно е зголемување на водостоите на реките, особено на тие во крајните западни и крајните источни делови од земјата, информираат од Секторот за хидрологија при Управата за хидрометеорлошки работи (УХМР).

Од УХМР посочуваат дека во текот на попладневните часови и особено во текот на ноќта и утрешниот ден се очекуваат врнежи од дожд кои на места ќе бидат поинтензивни, над 30 л/м2 за 24 часа, придружувани со грмежи и засилен ветер.

Локално процесите се очекува да бидат во форма на невреме со услови за појава на град, а на некои места локално да има и обилни врнежи од дожд. Водостоите на реките низ земјава се ниски и со подпросечни вредности за овој период од годината и имаат капацитет да примат поголеми количини на врнежи.

– Но, и покрај тоа, најавените врнежи на некои места се очекува да бидат доста обилни така што можно е поголемо зголемување на водостоите на реките, особено на оние во крајните западни и крајните источни делови од земјата.

Доколку процесите бидат поинтензивни и доколку на одредени места локално за кратко време навранат поголеми количини на дожд можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот и локално излевање на малите реки и суводолиците, чии што мали сливови не би имале доволно голем капацитет да примат вакви евентуални поголеми количини на дожд, се наведува во соопштението од УХМР.

Кај малите реки и суводолиците со стрмни падови при интензивни врнежи, како што посочуваат, можна е појава на ерозивни процеси при што би дошло до брзо слевање на водата во низводните делови при тоа собирајќи со себе дрва, гранки, камења и друг носечки материјал.

-Исто така, доколку во градските урбани средини процесите бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер и град поради неможноста за впивање и одведување на водата во мал временски интервал како и поради можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја можна е појава на акумулирање и течење на водата по градските улици и подвозниците, потенцираат од УХМР.

Од таму препорачуваат на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливост на оние места каде во текот денешниот (ноќта) и утрешниот ден се очекуваат поголеми количини на дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири лица заразени од бактеријата МРСА

Редакција

Најдено безживотно тело во реката Вардар, се идентификува дали е момчето кое излета со автомобил во вторникот

Редакција

Македонските средношколци на 67 место на меѓународното тестирање ПИСА

Редакција