еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На барање на Македонија, Србија ќе ни испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка

Српскиот претседател Александар Вучиќ во синоќешното вонредно обраќање до јавноста за полититичката и економската криза околу воениот конфликт во Ураина, изјави дека Србија на барање на Северна Македонија ќе ѝ испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ние денеска ги добивме потребите на Северна Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Северна Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за Босна и Херцеговина, изјави Вучиќ.

Тој кажа дека Украина и Русија се вкупни извозници на пченка од 29 отсто на светската производство, за што има големи нарушувања поради воениот конфликт.

Според срспкиот претседател, Србија има доволно количини на пченка, за брашно тип 500, за леб и за сè  друго и нема да го ограничи извозот.

-Во овој момент нема да го ограничуваме извозот, ја следиме состојбата и подготвивме мерки да го ограничиме извозот на пчеката и пченицата на 20 отсто, доколку за тоа има потреба, но во овој момент за тоа нема потреба, кажа Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светските резерви на храна би можеле да бидат загрозени како домино ефект од руската инвазија на Украина

Пченица и брашно ќе има, нема потреба од паника, вели претседателот на Групацијата за мелничко-пекарска индустрија, Малишиќ

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет барања за одземање на праетничкиот имунитет на Груевски

Редакција

“АС Сењак“ продаде акции во “Жито полог“, Друштвото откупи сопствени акции

Редакција

(Графикон) Просечната возраст на заболените со коронавирусот во Македонија е 43,8 години

Редакција