еМагазин
Image default
Македонија

На Богородица цариниците спречија шверц на лекови

На граничниот премин „Богородица“ каде од почетокот на пандемијата нормално функционира само товарниот сообраќај, односно меѓународниот промет на стоки, цариниците спречија шверц на лекови во еден камион на влез од Грција во нашата земја.

Во камионот со скопски таблички, кој бил случајно избран, цариниците извршиле детален преглед при што, меѓу декларираната роба, биле пронајдени непријавени шест картонски кутии во кои имало 744 пакувања од 14 видови лекови, наменети за нелегална продажба.

Пазарната вредност на запленетите лекови изнесува 233.500 денари. Тие се запленети од страна на царинските службеници со потврда за привремено одземени предмети, а понатамошната постапка ќе ја води одделението за истраги.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче најави нови мерки: Нема прослави по дома и групирање на јавно место, маската задолжителна и на отворено

Редакција

Владата поништи решенија за распоредување и наредби за извршување работи во МВР донесени од Чулев

Редакција

Казни за 747 лица за неносење маски

Редакција