еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Најчитани на еМагазин за 2021: Кинеските вакцини не создаваат клеточен имунитет, нивната заштита многу брзо бледее, вели проф.Трајковски

Проф. Дејан Трајковски, кој редовно на Фејсбук прави анализи за Ковид-19 состојбата, овој пат се осврнува на ефикасноста на кинеските вакцини.

„Една, за мене изненадувачка, да не речам разочарувачка информација: вакцините базирани на инактивиран цел вирус (кинеските вакцини) НЕ создаваат клеточен имунитет, обратно од mRNA вакцината на Фајзер, на пример.

Значи, додека трае антителниот (хуморален) имунитет – трае, кога ќе престане, нема повеќе заштита и неопходна е ревакцинација. Нема што повеќе да се чека, едноставно нема клеточен имунитет и тоа е тоа.

Згора на се (веќе видовме тука во неколку пати споделениот труд од Nature Medicine), дека титарот на неутрализирачките антитела кај вакцината на „Коронавак“ од производителот „Синовак“ е најмалку 12 пати помал отколку кај mRNA вакцината и многу побргу „бледее“, (на сликите 1 и 2 во трудот).

Ефикасноста против детектабилен/симптоматски ковид кај нив изнесува 50% – 60%, но само на почетокот, непосредно по вакцинацијата, додека после 250 дена опаѓа само на просечно 15% (со интервал на доверба) – што практично е занемарливо.

Кај Синофарм од 75% опаѓа на 33%.Од друга страна, ефикасноста против тешка форма на болеста кај Коронавак опаѓа од 85% на околу 60% (со интервал на доверба). Да се види сл. 3 во оригиналниот труд во Nature Medicine за подобра претстава. Сето ова важи за „дивиот“, вухански сој. Кај новите варијанти е уште полошо.

Значи, ефикасноста не смее да се разгледува статички (како да е дадена еднаш засекогаш), туку динамички, односно променливо со текот на времето („лонгитудинално“, како што велат имунолозите).

Здравствените власти на Бахреин, Сејшелите, ОАЕ и Чиле ова не го знаеле кога започнале со вакцинацијата во јануари, ама ние сега го знаеме, не само од научните трудови, туку и од нивниот случај со избувнувањата кои не можат да ги сопрат со месеци.

Да не заборавиме дека тие ја користеле подобрата вакцина Синофарм, а не Коронавак, којашто ќе ја користиме ние започнувајќи од овој месец. Тогаш, зошто воопшто да започнуваме вакцинација со краткотраен ефект со Коронавак/Синовак, која ќе мора да се обновува на секои 250 дена? Навистина залудна, Сизифова работа.

И не, не се сите вакцини подеднакво добри. Некои се вистински добри и тоа на долг рок, а некои се одвај добри на почетокот, а потоа рапидно им опаѓа заштитата со текот на времето. Синтагмата „сите се добри, штитат од смрт“ со текот на времето се помалку важи. Втората парола: „иако нема антитела, има клеточен имунитет“, гледаме дека исто така не важи во случајот на кинеските вакцини со инактивиран вирус.

Понатаму, како ќе се натера населението на секои 8 месеци одново да оди на ревакцинација со таква краткотрајно ефикасна вакцина? Зар не е подобро од почеток да се започне со високоефикасни вакцини и потоа да не му ја мислиме? За малтретирањето на луѓето и тестирањата на антитела подобро да не зборуваме.

Да заклучиме, иако вакцините со инактивиран вирус нудат заштита, поради нејзиното слабеење со текот на времето потребно би било следење и периодични ревакцинации, што создава големи организациони проблеми. Не е лесно да се ревакцинираат најмалку еден милион граѓани на секои 9 месеци.

Затоа, подобро веднаш нека ги донираат тие Коронавак вакцини на некоја сиромашна африканска земја, каде опасноста од Ковид-19 секако е помала поради топлото време, каде тие вакцини би вршеле каква – таква работа.

Во продолжение се дадени линкови до една одлична публикација за вакцините од СЗО и споменатиот труд во научното списание Nature Medicine,“ пишува тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчитани на еМагазин за 2021: Присуството на антитела значи заштита од Ковид-19, не е важно колкав е нивниот број, вели доктор Киријас

Најчитани на еМагазин за 2021: Ако се престане со вакцинирање со кинески вакцини, а немате други ќе биде катастрофа, вели доктор Пановски

Најчитани на еМагазин за 2021: Прележаните од Ковид-19 може да го пренесуваат вирусот и затоа треба маска и дистанца, вели доктор Беќаровски

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Овие што копаа тунел во Идризово, да се ангажираат за автопатот Скопје-Охрид“: Твитер реакции

Редакција

28,7% од заболените со Ковид-19 во Македонија без симптоми

Редакција

Доктор Кунгуловски: Најверојатно сите ние ќе треба да примиме една, две, три или четири вакцини

Редакција