За мене најдобро е Зоран Заев да биде тука, и на чело на партијата и на Владата во овој период. Се е можно секогаш, меѓутоа, ако ги гледаме неговите ставови во однос на моралната поставеност, не знам дали е возможно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на гостувањето во Утрински брифинг.
– Знаете дека претседателот Заев носеше многу храбри одлуки, многу атипични одлуки, кои во еден момент не можеа да бидат разбрани, за подоцна да сфатиме дека тоа било добро.
И сега гледам дека има многу забалешки дали е сега моментот, таква одговорност да се поставува пред граѓаните и општеството во делот на активностите, рече Спасовски.
Нагласи дека прашањето е во сврзното ткиво, една ваква сериозна коалиција што се базираше на јасно поставени стратешки цели, рече тој, на европскиот пат, што почна сериозно да го гради концептот „Едно општество за сите“, што направија добра економска основа за развој на државата, е нешто што ќе има потреба од капацитет, каков што Заев го има за да ги обединува силите и структурите и во партијата и во коалицијата.
Спасовски не очекува дека ќе има многу кандидати, меѓутоа, потенцира, низ демоктратски процес, кога секој еден член ќе одлучува кој ќе биде новиот лидер на партијата, има право со својата визија, програма со која ќе настапи да се кандидира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитриевски за изборот на претседател на СДСМ: Не сакам да се случи да избереме лидер марионета
МИА/Фото: Влада