Фондацијата „Стопли срце“ собира помош за две сестри сирачки кои се полуматурантка и матурантка, односно фустани за достојно да си ја прослават матурата.
„Другарки и другари, повторно ни е потребна вашата помош!!! Се сеќавате на децата за кои собравме пари за погребот на нивниот татко? Се сеќавате на мајката што ги лажеше своите деца дека е јадена, само за да има повеќе храна за нив? Се сеќавате на мајката со четири деца што седеа без храна неколку дена? Самохраната мајка со нарушено психичко здравје за чие дете сите помогнавме?
Сите овие деца кои ги чуваме со ваша помош, оваа година ќе бидат матуранти и полуматуранти. За жал нивните родители не се во состојба да им обезбедат ниту финансиски средства за прослава, ниту да им овозможат гардероба за полу-матрурската вечер. Две сестрички се сираци, едната е полуматурантка, другата матурантка. Овие деца не се ни радуваат за денот на прославата, бидејќи се свесни во какви услови живеат. Напротив, се ПЛАШАТ и се СРАМАТ од овој ден, бидејќи знаат дека немаат услови да присуствуваат на истиот.
Затоа упатуваме АПЕЛ до сите Вас да се приклучиле кон оваа акција!!! Да обезбедиме финансиски средства за прославите, да им обезбедиме по некој денар на децава, да ги облечеме, дотераме, и да ги испратиме да се забавуваат со гордо исправени глави.
Воедно, ги повикуваме сите општествено одговорни компании да се приклучат кон оваа акција. Бутици, модни креатори, салони за убавина, пријавете се!!! Сите по едно дете да средиме и дотераме, заедно!!! Ниедно дете не заслужува да биде тажно и да седи дома за денот на својата полуматура. Ајде сите заедно да бидеме родители на овие деца!!! Нека има насмевки и радост, наместо солзи и тага!“ се вели во апелот.
БИДИ РОДИТЕЛ-ДОНИРАЈ
За корисниците на Телеком: 143444
Стопли Срце / Ngrohë zemër/ Warm A Heart
Здружение на граѓани “Стопли Срце”
Сметка за донации: 270072685480143
IBAN: MK07270722000030435
HALKBANK