еМагазин
Image default
Македонија

Најголем дел од новозаболените со Ковид-19 се на возраст од 30 до 39 години и над 60

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 24 до 30 јануари покажуваат дека се регистрирани заболени лица од Ковид-19 во сите возрасни групи.

“Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60г (n=2.636, 22,1%) и 30-39г (n=2.635, 22,1%).

Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=257; 2,2%).

Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 11,0% кај возрасната група од 10-19г, додека зголемување се забележува кај возрасните групи од 50-59г со 3,3% и над 60г со 25,3% зголемување во однос на претходната недела.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 6.359 (53,4%) лица од женски и 5.557 (46,6%) од машки пол“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст од 2,7%: Минатата недела регистрирани 11.916 нови случаи на Ковид-19

Четири лица биле на возраст од 20 до 49 години: Минатата недела 148 смртни случаи од Ковид-19

Минатата недела 1.558 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска ги одби приговорите од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

9 бремени жени меѓу оздравените од корона вирусот во Македонија

Редакција

Детали од МВР за грабежот во банката во центарот на Скопје: Приведени две лица

Редакција