еМагазин
Image default
Македонија

Најголемо намалување на бројот на заболени со Ковид-19 кај лицата до 39 години

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 3 до 9 мај покажуваат дека се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи.

“Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=508, 39,0%).

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=227; 17,4%), 50-59 (n=208; 16,0%), 30-39  (n=176; 13,5%) и 20-29 (n=106; 8,1%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2,0%) и 10-19 години (n=53; 4,1%).

Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 692 (53,1%) лица од женски и 612 (56,9%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.502 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 12,2% во споредба со минатата недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намалување од 37,2% на заболени со Ковид-19, просечниот процент на позитивност, 7,5%

Намалување на смртните случаи од Ковид-19 за 37,1%: За една недела починале 8 лица на возраст од 20 до 49 години

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маглата го отежнува патниот сообраќај во Скопје, Демир Капија, Куманово, нормализиран авиосообраќајот

Редакција

Апасиев вели дека опозицијата треба да размисли за радикализација на методите

Редакција

Груевски нема да лежи затвор за набавката на фамозниот владин мерцедес

Редакција