еМагазин
Image default
Да помогнеме

На Горазд му е потребна нашата помош за успешно лекување

Горазд е ведро и весело дете на кое уште од мал не може да оди – дијагностицирано е проблем со колковите и колената. Детскиот живот го поминува во количка.

Но решение постои – сега е на вистинска возраст кога опарациите можат успешно да се извршат во болницата Атлас во Белград. Родителите на Горазд  ја посетиле оваа болница, направиле прегледи и им била закажана операција на 10 ноември 2018 година поради итност на случајот и возраста на Горазд. Операцијата на колковите и колената заедно со рехабилитацијата во Белград ќе чинат 14.000 евра.

Неговите родители, иако со ниски примања, преку акции цела оваа година успеале да соберат 10.000 евра,  но потребни им се уште 4.000 за да можат да го однесат малиот Горазд на оваа за него животно значајна операција на закажаниот термин.

Да помогнеме Горазд да застане на нозе и да може да ги направи првите чекори во животот – самостојно.

За повеќе информации за донирање ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Ѕвездичка која има само 1.500 грама и е потребна помош да излезе од инкубатор

Редакција

Потребни се 3.000 евра за 19-годишно момче да не остане слепо

Редакција

Заокружи сметка во Веро и донирај за СОС Детско село

Редакција