еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Груевски и понатаму ќе му се суди за „Траекторија“: Апелација го поништи решението

Иако судијата од Основниот кривичен суд Скопје, Горан Бошевски пред еден месец констатираше дека делото за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија“ е застарено, Апелацискиот суд Скопје го поништи ваквото решение, што значи дека на Груевски и понатаму ќе му се суди за злоупотребите при изградбата на автопатите Штип-Миладиновци и Кичево -Охрид.

Од Апелацискиот суд велат дека по жалбата на Обвинителството донеле одлука дека судијата не можел да донесе вакво решение, туку застареноста на делото се констатира единствено со одбивателна пресуда, поради што предметот се враќа повторно во Основниот кривичен суд Скопје.

Од Апелација додаваат дека одлуката е укината од формални причини.

МИА/Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Штип за набавка на масло за греење вреден 578.000 евра

Редакција

И Перо Камиказа кандидат за градоначалник на Скопје, доби подршка од Левица

Редакција

Ако нема договор со Бугарија, ќе мора да размислуваме за раздвојување на Македонија и Албанија, порача еврокомесарот за проширување Вархеји

Редакција