еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.042 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.042 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 125 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 94 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 136 во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 20 болен.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 118 пациенти, во Кочани 35 во Кичево 36, Кавадарци 70, а во Гевгелија 24 лица позитивно и суспектно на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.740 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влијаел врз распределбата на судските предмети: Поднесено обвинение против поранешниот претседател на Основен суд, Панчевски

Редакција

Муса Џафери сведочеше за „Монструм“: Бевме загрижени за да не дојде до меѓуенички и меѓурелигиски тензии во Скопје

Редакција

Оставка на премиер, повлекува оставка на Влада: Што предвидуваат Уставот и собранискиот Деловник

Редакција