еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 566 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 566 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 44 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекува 41 болен, а во Куманово 92 пациенти позитивни и суспектни на Ковид- 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 63 пациенти, во Прилеп 75, во ковид центарот во Гостивар 20, а во Струга 15 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 36 пациенти, во Кочани 8 во Кичево 11, Кавадарци 76, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 916 и има околу 280 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 336 случаи на Ковид-19 од 1.181 тестирање

Редакција

Кирацовски: Баба ми и сестра ми се повлекуваат од работните места

Редакција

Убава вест: Оздравени 42 лица од корона вирусот кои се лекувале дома и нови шест на клиниките, вкупно 272

Редакција