еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

На крај да не излезе дека Русија ни ставила вето, а не Бугарија, за старт на преговорите со ЕУ

По неколку години од првото вето на Бугарија за Македонија за старт на преговирите со Европската Унија (ЕУ), во време кога Русија поради војната во Украина е виновна за се што ќе посакате, бугарскиот премиер, Кирил Петков ни „откри“ дека всушност Русите не „скарале„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски агенти работеле против договорот на Бугарија со Македонија, тврди Петков

Тоа што сите политички партии во бугарскиот Парамент застанаа позади документ кој не ги признава Македонците и вели дека се Бугари, а за македонскиот јазик, вели дека е бугарски, “нема врска“, Русите се „виновни“ за лошите односи на двете земји.

Не е виновна ни Екатерина Захариева, ни Красимир Каракачанов и еден куп други како нив за „отровните стрели“ кои ги фрлаа постојано и понижуваа јавно цела една нација, (и уште го прават тоа) ни пак актуелниот претседател на Бугарија, Румен Радев, кој најавува ново вето, оти не му се допаднало колку Бугари има во независната и суверена држава Македонија, а кој неодамна изјави дека Крим, окупираниот дел од Украина, од страна на Русија, е руски и предизвика дипломатски скандал.

Да, тоа дефинитивно е исто со тоа што рускиот претседател, Владимир Путин го вели за Украина и Украинците и сите во ЕУ се “потресни“ поради тоа, ама “око не им трепна“ оти исто Бугарија и го прави на Македонија со години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев најави ново вето, бидејќи не му се допаѓаат бројките од Пописот

Не е виновен, ни лидерот на “Има таков народ“, Слави Трифонов, дел од владејачката коалиција, кој продолжи таму каде што застана Захариева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Слави Трифонов не му се бендисаа резултатите од Пописот, оти имало само 3.504 Бугари во Македонија

По се изгледа против добрите односи на Македонија и Бугарија не работеле само трите лица кои се сомничат дека биле „руски шпиони“, листа Богами е многу подолга. Ќе излезе дека има многу „руски шпиони“ кај нашиот сосед.

Како и да е, се тоа во ред, ќе видиме што ќе покаже истрагата за оваа тврдење на Петков во Бугарија, еве и македонскиот премиер Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски изјавија за медиумите дека нема зошто да не му веруваат на Петков, ама има еден проблем.

Русија како што е познато не е членка на ЕУ и нашиот старт на преговори не зависи од Русија, туку од Бугарија, која е единствената земја членка на ЕУ, која е против старт на преговорите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Македонец во Благоевград го праша Петков кога Бугарија ќе ги признае Македонците

(Фото) Бројот на Бугари во Македонија се дуплирал и е највисок откако се попишува населението

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ок, сме ја набркале бугарската администрација, сеа уште да ја набркаме и нашава и топ сме“: Твитер реакции

Редакција

Скопјани пријавија 349 осигурани штети од силното невреме: Имотот на „Ист Гејт Мол“ осигуран со франшиза од 100.000 евра

Редакција

Собранието распиша тендер за набавка на четири возила

Редакција