Данела Арсовска и Жаклина Јовановска се единствените жени кои ќе раководат со локалните самоуправи од вкупно 80 општини и Градот Скопје.
Град Скопје првпат доби градоначалничка, откако независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Данела Арсовска го победи противкандидатот Петре Шилегов, кој раководеше со Градот во изминатите четири години.
Вчера победи и Жаклина Јовановска, која и досега беше градоначалничка на Старо Нагоричане.
Според родовата застапеност, од вкупниот број кандидати за градоначалници на Локалните избори 2021, 91,64 проценти беа мажи, а само 8,36 отсто жени.
На овие локални избори имаше 572 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10.532 кандидати, од кои 55 проценти беа мажи, а 45 проценти жени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Која е професионално и приватно Данела Арсовска, првата жена градоначалник на Скопје
МИА/Фото: Фејсбук/Јовановска/Арсовска